Skip to main content
x

1 Aug 2020 - 14:55
sportmedia
Статија

 

Деновиве за медиумите во Италија свое интервју имаше Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња, некогашен селектор на Србија.Важи за еден од најдобрите стратези во Италија.

На прашањето зошто неговата фудбалска генерација од репрезентацијата на скратената Југославија, буквално не направи ништо на резултатски план, Михајловиќ во свој стил даде уште една бисер изјава. Колку за потсетување во таа селекција играа Стојковиќ, Мијатовиќ, Југовиќ, Михајловиќ… и останатите супер фудбалски ѕвезди.

“Дисциплината е основната работа во фудбалот, во животот воопшто. Играв во националниот тим со навистина големи ѕвезди, имавме врвен квалитет во себе, но на теренот на бевме ни за К*Р. Зошто? Е, па, затоа што немаше дисциплина. Во фудбалот постојат правила кои мора да ги почитувате, во спротивно ништо нема да направите. Ета така и со нас, со таа генерација“ посочи Михајловиќ.

sportmedia.mk

Најчитани вести