Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие од Ковид -19 починати се 6 лица.

Пет пациенти се од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Со ова вкупната бројка на починати лица од почетокот на пандемијата се искачи на 486 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754,  бројката на оздравени пациенти е 6554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.

 

Најчитани вести