Ако ја надлетуваме македонија онака со балон и со благо телешки поглед, демек не разбираме ништо, ќе приметиме дека и да не сме по политиката има да бидеме онака инстант ‘‘ па да га јебеш‘‘!. Ако ништо друго да се изнасмееме. Не за друго, нема друга занимација, се отишло у курац.

Во политиката е се вклучено, ко у хотелите со многу звездици, каде што на кого му се дигне да простите, си онакви кого сака и како сака, а башка и ако сам се онакви, си бира пак – кого сака. Сексуална слобода во облик на ‘‘удри Мујо у тамбуру‘‘ каде што во државата не се знае кој е ‘‘Шоиќ‘‘ а, кој е ‘‘Пантиќ‘‘. Забелешката е дека поише има Шоиќи.

 Ќе изгради ли Македонија некогаш здрава нација? Нaција ко нација. Демос! Не етнос! Во смисла да воспостави права и квалитетна пропорција на релација граѓанин – држава? Зошто бегаме од вистината дека сите ние надвор сме нарекувани Македонци.  Еден за друг да гине што би се рекло. Зошто, само оној кој се грижи за државата има и пред бога и закона право да бара таа да се грижи за него. Каде е зајебот? Зајебот е во тоа што поминаа триес‘ години у ‘‘удри Мујо у тамбуру‘‘, наместо фокусот да биде искључиво државниот интерес. 

Многумина зборот ‘‘нација‘‘ погрешно го дефинираат. Та ако фатиш американците да ги дефинираш, ако секој бара етно-потеклото да му биде носечка поента, го ебаа ежот. Турли тава ќе биде сликата. Самиот податок за двојазичност убаво си кажува дека ако си Македонец, а службен јазик ти е Албански, тука има нешто кое си бара одговор зошто е тоа така.

Етносот е почитуван и гарантиран. Но, повторувам, ретко кој реално и прецизно го разбира и дефинира зборот нација. Неблагодарно е да се дискутира на таа тема во време во кое сеуште две третини од јавниот живот се темели на национал романтизам и популизам. Ама не му дирај во етносот , ќе тибе се живо. Драпај си курот, да простите. Да си останам доследен на стилот.

Рационалноста вели дека во ова време во кое како и да функционираме, сепак, функционираме. Па макар и како претпријатие во кое директорот е лопов, а работниците глумат невинашца кои никад не украле ни тоалет хартија у клозет. И никој за нижто не одговара ни пред господ ни пред закон. Ако веќе се носиме со поентата дека сепак функционираме, прашањето од милион долари е како подобро да функционираме.

 Тука доаѓаме до онаа финта која на сите нас мамето ни го плаче, а тоа е прашањето колкумина Македонија ја подразбираат како претпријатие, а колкумина како судбинско тло и парче земја на која градиме куќа. Има голема разлика во тоа. Во претпријатието газиш на паркети и теписон, а на улица по почва испод која лежат коските на претците. Ако ти е сеедно по што газиш и чекориш, датибам чоекот.

 Затоа, рационалноста ни вели дека се што треба да се прашаме е ‘‘ куде ќе бегамо од тука‘‘, сакале или не треба да функционираме ко луѓе. Бедемот на квалитетното функционирање се здравите институции во кои владее правилото на писменост, професионализам, доследност, квалитет и чување на дигнитетот на инстуциите од извршната власт пред и после се.

Ама сите нас очигледно не заболе патљак. И ако некој рече дека е несериозно ова што го чита, ќе го потсетам дека маса политичари и јавни фаци функционираат по системот ‘‘ не гледај што правам, слушај што зборам‘‘. И ако така гледаш, доаѓаш до закључок ‘‘ ма дај да закољам и ја нешто за себе‘‘. Јебеш држава! Треба ‘‘дообјаснување‘‘?

Комерцијалниот дел е едноставен, ама за оние што имаат мозок. Сите комерцијалата ја подразбираат како ‘‘кеш‘‘. Арно ама, кешот си е кеш, ама државата си е држава. Или од државата ќе крадеш пари, или пак ке бидеш чесен кон неа и ке добиеш десет пати повеќе, ама тоа нема  да биде кеш. Ќе добиеш нешто што не се плаќа со пари и е повредно. А тоа е квалитетен живот, перспектива и иднина. Деца крај себе наместо по шанкови у свет. Ако се водиме со елементарна конзервативна филозофија на обичниот човек, ќе дојдеме до оној архаистичен феномен кој вели ‘‘ не е се во парите‘‘. Дали сакаш да имаш пун џеб пари и да јадеш во ресторан а да немаш куќа, или сакаш домашен ручок во семејна атмосфера и благосостојба на душата пред се. 

Во ситуација на ‘‘Содома и Гомора‘‘ на моралот и јавната свест во амбиентот на ‘‘ Дом за Бесење‘‘ ( Кустурица), стануваме ‘‘ Држава за бесење‘‘. Ако бладам нека ми ја земе господ душата. Не можеш да живееш во латентна слика на ‘‘Џурџевдан‘‘ додека светлините на лажниот дваесет и први век над камениот мост на Вардар цртаат нереални насмевки на полу пијан свет. Што вели комерцијалното? Инвестирање пред се.

Не можеш да градиш куќа а сам од себе да крадеш на материјал. Кого лажеш и крадеш? Сам себе си! 
А бе, убаво викаше дедо ми покојни, ‘‘ ОД НАШИ ЛАЈНА ЌЕРПИЧ НЕ БИДУЕ‘‘...

Агим Јонуз
 

Најчитани вести