Во еден од најголемите ковид центри во Њу Делхи, Индија било силувано 14-годишно девојче. Индијката била позитивна на Ковид-19, а била силувана од двајца постари мажи, исто така, заразени пред неколку дена. Силувачите ја намамиле девојката да влезе во тоалет, а потоа ја заклучиле. И додека едниот ја принудувал на полов однос, другиот снимал.

Полицијата соопштила дека двете лица се уапсени и во моментов се сместени на специјален оддел каде ќе останат се до опоравувањето.

Според порталот „India Express“, еден од мажите, оној што ја силувал девојката, рекол дека таа се забавувала со нив еден ден порано, како и дека и на двајцата им недостигал полов однос.

Најчитани вести