Владимир Петровиќ на јавноста и е познат по улогата на Боба во култните филмови „Жикина династија“, каде партнерка му беше Риалда Кадриќ, која ја глумеше Марија. Тој се повлече од светот на глумата, има своја маркетинг агенција и е татко на две деца и денес има 64 години.

„Имам своја агенција и со тоа се бавам со години. Имам син Игор и ќерка Ана, и двајцата завршија факултети, во брак се и дедо сум“, вели Петровиќ и додава дека не се кае што го напуштил актерството и што неговото хоби си го претворил во професија.  

Убавата Риалда, пак, се прослави со улогата на Марија. Нејзиниот живот, вели, бил како на филм, ама лош филн. Среќата си ја побарала надвор од родната земја. 

„Бев во Лондон на усовршување јазик, кога во 91 година почна војната, а мајка ми ненадејно почина на улица во Белград. Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома. Војната ме натера да останам во Лондон“, вели Ријалда, која во улогата на Марија се појавила кога имала само 13 години и додала дека прв пат во животот се бакнала токму во легендарното филмско остварување.   

 

Најчитани вести