Пазарот на труд постојано се менува, така што не сме сигурни дали можеме секогаш да бидеме во чекор со сите промени и предизвици. Тие исто така ни кажуваат дека учењето и надградбата на знаењето и вештините никогаш нема крај.

Сепак, според стручните прогнози - иднината ни носи нови професии, или барем ќе им даде предност на некои постојни, додека одредени професии полека ќе исчезнат.

Технологијата забрзано напредува, па дури и сега, во пресрет на кризата, можеме да видиме ненадејна промена во бизнисот: се вртиме повеќе кон светот на интернетот и дигитализацијата. Иако не знаеме со сигурност што претстои пред нас за 20 години, односно во 2040 година, можеме само да претпоставуваме. Тековните трендови на пазарот на трудот ни помагаат да го сториме тоа.

Работни места коишто ќе имаат постојан раст и развој, а во исто време и ќе бидат добро платени, се: бизнис аналитичар, софтвер девелопер, експерт за маркетинг, експерт за безбедност на информации, менаџер за продажба и физиотерапевт.

Некои од овие професии се наоѓаат на „идниот“ список заснован врз секторите кои растат брзо, а некои се подготвени врз основа на предвидувања за претстојната технологија. Бирото за статистика на трудот (BLS) го предвидува бројот на нови професии што ќе се развиваат во текот на следните 10 години, некои од нив се поврзани со јавното здравство. Роботиката и вештачката интелигенција се нешто за што BLS се надева дека ќе ја промени индустријата засекогаш и ќе создаде нови  работни места.

Опасните и рачни задачи ќе бидат заменети со роботика. Физикалците ќе треба да работат понапорно за да бидат вреднувани, или да преживеат во светот на технологијата и роботиката. Вештачката интелигенција ќе ја елиминира потребата за повторување на задачите, а работниците ќе имаат пристап до повеќе алатки и податоци од кога било досега. Кариерите на програмерите и аналитичарите ќе одат нагорно.

Кој сектор ќе вработи најмногу до 2040 година?

Врз основа на ова прашање, беше спроведено истражување и беа прашани 2.185 лица. Понудените сектори се: транспорт, лекови, технологија, финансии, продажба. Испитаниците посочија дека веруваат најмногу во технологијата, за што гласале 55 проценти. Потоа следат медицина (24%) и финансии (12%), при што транспортот и продажбата на крај имаат ист број на гласови, односно 5 проценти.

Од сите професии што ќе доживеат раст во следните три децении, претпоставката е дека најдобро платенени ќе се софтвер девелоперите и менаџерите за продажба. Физиотерапевтите се верува дека исто така ќе дожиеват подем во иднина затоа што во овој сегмент роботиката  дефинитивно не може да го замени човекот. Но, покрај тоа, барани ќе бидат администратори во болнициците, а на списокот на потребни професии вниманието ќе биде насочено кон логистика, осигурување и планирање.

Сега, со милиони луѓе кои работат од дома, можеме да видиме колку е важна безбедноста преку Интернет и кога станува збор за персоналните компјутери, но компаниите исто така ќе бараат квалификувани експерти за ИТ безбедност, бидејќи хакерските напади стануваат почести и се развиваат нови потенцијални закани.

Секако нема потреба премногу да се зборува за продажбата како клучна ставка во многу бизниси, потоа софтвер и аналитика. Јасно е дека овие професии ќе продолжат да доминираат идните години.

Најчитани вести