Иако од смртта на Жељко Ражнатовиќ -Аркан поминаа две децении неговото убиство се уште е мистерија. Се знае кој е извршителот, но не и зошто е убиен, ниту, пак, кои се нарачателите.

Српски Курир објави извештај од повеќе странски служби за тоа што се случило во хотелот Интерконтинентал во Белград на 15 септември 2000 година. Според проценките, на убиството влијаело тоа што Аркан премногу се опуштил и го намалил обезбедувањето, за разлика од претходните години кога имал и по 20 и 30 добро обучени телохранители.

Покрај тоа му биле уфрлени и пријатели кои претходно биле обработени од службите со цел тој да биде комотен. Според реконструкцијата на настанот, Доброслав Гавриќ го убил Аркан со три куршуми.

Аркан е убиен на 15 јануари 2000 година околу 17 часот. Со него се убиени и неговите пријатели и колеги, поранешни соработници на сојузниот СУП, полковникот Драган Гариќ и мајорот Миленко Мандиќ кој бил и припадник на Арканивата гарда. Додека седеле во фоајето им пришол Добросав Гавриќ, извадил пиштол ЦЗ-99 и испукал три куршуми во тилот на Аркан.

Најчитани вести