Денеска полицијата во центарот на Скопје избрка градежни работници од објект за кои велат дека нема дозвола за градба. Присутен беше и сопственикот Борис Стоjменов кој се скара со полицијата. Се работи за објект познат како поранешна стоковна куќа Беко, потоа хотел Плаза кој е урнат и а неговото место се гради нов објект.

Имено, Стојменов е поранешен министер за финансии (28 ноември 1998 – 27 декември 1999) во Владата на Љубчо Георгиевски.

Тој за ТВ21 посочи дека хотелот не е дивоградба, а обвини и дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.

„Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито“, порача Стојменов.

Најчитани вести