Одлична идеја за брз ручек за љубителите на салати.

Потребни состојки:

  • 300 г паста (по избор)
  • 100 г фета сирење
  • црни маслинки без семка
  • шери домати
  • краставица
  • лук во прав
  • оригано
  • маслиново масло
  • сол и бибер

Начин на приготвување: Сварете ги тестенините во солена вода според упатството на пакувањето и оставете ги да се изладат. Исечете ги доматите на половина, исечете ја краставицата на кругови или коцки. Промешајте ги тестенините и зеленчукот во голема чинија, зачинете со масло, оригано, лук, сол и бибер, додајте маслинки и фета сирење.

Најчитани вести