Вчерашните вести кои пристигнаа од германските медиуми го привлекоа вниманието на целиот свет. Германската канцеларка Ангела Меркел со еден телефонски повик успеа да го спречи вооружениот конфликт меѓу Грција и Турција. Грција издаде поморски аларм откако Турција соопшти дека испраќа брод за да спроведе истражување во водите крај грчкиот остров крај јужниот брег на Турција.

Во вторникот вечерта се случи конфликт меѓу Грција и Турција во Средоземното море околу малиот остров Мегисти (на грчко Кастелоризо). Телефонскиот повик на Ангела Меркел ја спречи војната – „буквално во последен момент“, напиша германскиот таблоид „Билд“.

Билд понатаму изјави дека причина за конфликтот е тест дупчењето во потрага по нафта и гас што Турција ги спроведува во непосредна близина на грчките острови, во зоната која Грција ја смета за „ексклузивна економска зона“ (ЕЕЗ). Тоа е „морско подрачје од 200 наутички милји околу овој остров“, пренесува Дојче веле.

Турција тврди дека апсолутно сè било легитимно и дека истражувачкиот брод функционирал целосно во рамките на нејзината континентална дозвола.

Иако турскиот истражувачки брод „Орук Реис“ беше закотвен во турското пристаниште во Анадолија во средата, турското предупредување предизвика аларм во грчката армија, а Атина ја осуди акцијата како нелегална.

Предупредувањето се однесуваше на областа помеѓу Кипар и Крит, а непотврдени грчки извештаи наведуваат дека бродовите на турската и грчката морнарица се движат кон областа во близина на грчкиот остров Мегисти, недалеку од турското копно.

Односите меѓу двете земји се „оладени“ за разлика од порано, пишува Би-Би-Си. Грција и Турција се судрија околу мигрантите кои доаѓаат во Грција, а Атина се побуни по неодамнешната одлука Турција да го врати статусот на џамијата на Аја Софија.

Грција соопшти дека поморскиот потег на Турција ги крши нејзините суверени права. Премиерот Киријакос Мицотакис разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и рече дека ќе разговара и со другите грчки политички лидери за ескалацијата на конфликтот.

Проблемот е што Грција и Турција се на спротивните страни во развојот на енергетските ресурси во Источниот Медитеран.

Во последниве години, огромни резерви на гас се пронајдени во водите крај Кипар, што ја натера владата на островот, Грција, Израел и Египет да работат заедно за да искористат максимум ресурси. Како дел од тој договор, снабдувањето со енергија би одело во Европа преку 2.000 километри нафтени цевководи.

Тогаш Турција го засили дупчење во западен Кипар минатата година, кој е поделена од 1974 година, а Турција го призна само северниот дел на островот како република. Анкара секогаш тврдеше дека треба да се споделат природните ресурси на островот.

Во ноември 2019 година, Анкара потпиша договор со Либија за која Турција рече дека создала ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) од јужниот турски брег до северо-источниот брег на Либија. Египет тврди дека овој договор е нелегален, а Грција дека е апсурден затоа што грчкиот остров Крит, на половина пат меѓу двете земји, не беше земен во предвид.

Кон крајот на мај, Турција објави дека планира да започне со дупчење во наредните месеци во неколку области на запад, алармирајќи ги членовите на ЕУ Грција и Кипар.

Турскиот „Петролеум“ доби неколку дозволи за дупчење во Источниот Медитеран.

Секој треба да прифати дека Турција и турскиот дел од Кипар не можат да бидат исклучени од енергетската равенка во регионот, рече турскиот потпретседател Фаут Октај.
Што вели законот?

Многу грчки острови во Егејот и Источниот Медитеран се видливи од турскиот брег, така што прашањата за територијалните води се комплексни, а двете земји во минатото достигнаа до работ на војна.

Доколку Грција ги прошири своите територијални води од шест милји до максимум 12 дозволени на меѓународно ниво, Турција тврди дека нејзините морски патишта би биле сериозно компромитирани.

Покрај територијалните води, постои ЕЕЗ, како што е онаа што е договорена меѓу Турција и Либија, но и Кипарските договори за надворешна економија со Либан, Египет и Израел.

Тогаш, каде се наоѓа островот Мегисти, на 2 километри од турскиот брег?

Грција тврди дека турското предупредување опфаќа голема површина на копното Мегистија, но турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека островите што се далеку од копното и поблизу до Турција не можат да имаат континентален штит.

Анкара инсистира на придржување кон поморскиот закон на ООН.

Потезите беа проследени со реакции од Европската унија, а германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас рече дека Анкара мора да престане да провоцира во Медитеранот.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, ја даде својата целосна поддршка на Грција и Кипар, велејќи дека треба да бидат санкционирани сите оние кои им се закануваат на членките на ЕУ. Односите меѓу Франција и Турција се затегнати во последните месеци, особено во врска со Либија.

Најчитани вести