На денешната прес конференција на градоначалникот Коцевски истакна дека секој дневно добива поплаки од граѓани за собиранките на млади лица на различни локации во градот, собиранки кои се случувале и до 5 часот наутро.

Една од познатите локации каде што ваквите собиранки на млади е секојдневие е фонтаната во Нова Населба. Голем број на жителеи од околните згради се пожалиле за огромната бучава од младите која била константна секоја вечер.

„Има поплаки заради големата галама што се прави во ноќните часови, што им го загрозува квалитетот на живење на граѓаните кои што живеат во зградите на фонтаната и кружниот тек во нова населба, посочи Коцевски.

Денес Коцевски истакна и еден друг проблем кои не и доволно познат на велешката јавност, а тоа е проституцијата која се случува во казината во Центарот на градот. Градоначалникот изминатата недела имал средба со делегација на станари во зградите од Центар и тие му се пожалиле за бучавата која ја имаа во ноќните часеви од незадоволни коцкари од казината, но и од проституцијата која се одвивала во овие објекти.

Повеќе на ВелесДенес

Најчитани вести