Во држава во која не е дефинирано што е лево а што десно, секој може да глуми Џемс Бонд. Оној Апасиев со својата ‘‘левица‘‘ игра десно крило поише од Милош Шестич, легендарното крило на Црвена Звезда. Не го ебава никој, ама до душа не ебава ни он никого. Фифти-Фифти! А бе кај нас се е можно, па чак и 30 години да не знаеме да направиме здрав државен апарат. Државата е како стар Голф кој пали на гурање, па ќе вози две-три улици и толку! До следните жртви да те бутнат па да запалиш. Битно, ќе се курчиш дека имаш Голф ‘‘ ко нов‘‘.

Многу е депресивно да живееш во држава која по многу светски статистики е зад Руанда Бурунди, а Боцвана да ти бидат пример ‘‘за боље‘‘! Гледаш и не веруваш у тоа порталите што све лаже светот. Лаже бре! Ние сме најбољи, ене на кого му верувате? На некој портал на ЕУ, или на политичарите наши мили и убави од кои две третини не знаат нос да избришат, а камо ли да прошпартаат по релевантните информери на интернет. Не за друго, него да видат која чорапа на која нога иде надвор од хоризонтот зад паланката од која доаѓаат.

Додека Македонија чека Заев да се врати од ладење онакво на одмор, испод маса само Господ знае кој со кого прави ‘‘ Шуш-Буш‘‘! Како што на минатиот состав двата пратеника на Беса беа од круцијално значење, овојпат Апасиев е главниот шизик, па ние признале или не. Во таква тесна ситуација, може да си игра ‘‘курташак‘‘ и со едни и со други во ситуација во која само еден пратеник повеќе мења ситуација на фронт. Ако бе, му се може. Браво. ‘‘ Кад порастем бичу Апасиев‘‘. 

Каква ќе биде разврската? Ќе биде да ми простите ‘‘ Ташак со Грашак‘‘. Каква може да биде кога во сите комбинации ќе имаме слаба позиција и слаба опозиција. Нема разлика во силите која може да ветува една консталација која ќе држи вода едно време. Па не Албанец за премиер, може слободно да биде и Свети Петар лично. Не постои амбиент на здрава политичка конфигурација која ке го води политичкото оро еден период. Сите комбинаторики велат дека би било весело да се најдеме еден ден пред гласање на круцијални одлуки, а во кое би било потребно дво-третинско мнозинство во парламентот. Од друга страна, сите уценуваат со нешто и се ценкаат како да се на Бит Пазар, не земајки во предвид дека за ржавата се работи.

Моето лично мислење е дека ‘‘трета мајка‘‘ избори ни се на праг догодина заедно со локалните избори. Со еден куршум два зајака од една страна, а од друга, доволно време партиите да направат сериозни ремонти внатрепартиски. Албанците дефинитивно да престанат ‘‘да се ждерат‘‘ меѓу себе, а политичкиот амбиент во Македонија да види некоја нова идеја олицетворена во ‘‘вирго ин такта‘‘ нови ликови. Народот дефинитивно да ја мавне главата од зид, за да свати дека неговата излезеност е пресудна за квалитетни избори. Сето тоа е еден затворен маѓепсан круг на лудило кое не јаде под сонцето политичко македонско. 

Многу е веројатна комбинацијата на ‘‘ и волкот сит и овците на број‘‘ на следниов начин. Широка коалиција до следните избори догодина, Албанец за премиер за да му дадат ‘‘ едно кругче‘‘ да се повози во скапиот Мерцедес за кој Грујо попи апсана, Заев и Мицко ќе поделат клучни ресори за да не може никој никому да му го свирне, албанската страна ќе добие неколку јаки директорски места во замена за ‘‘ не таласај ти дадовме премиер‘‘, а сите заедно ќе имаат само една задача. Која? Да си се смешкаат онака цинично оштрејки го оружјата за тие ‘‘трета мајка‘‘ избори зошто после тоа нема да има ‘‘ четврта мајка‘‘! Догодина на тие избори некој и реално ке оди во историјата. Никој нема да има право на грешка. Биче весело!!!

Бездруго, каков и да е составот на новата влада единствената задача ќе и биде како да се справи со Корона кризата и да ја стави државата на ниво на гола функционалност, зашто ако збориме за некои напредоци или мењање на ‘‘ боље‘‘, треба да сме или малоумни или да сме на јака дрога. Така да, можеби во овакви услови и најфункционално би било а во интерес на државата да има широка коалиција. СВОЗ! Сите Во Одбрана и Заштита! Имаше таква една дешаваљка у она комунистичко време. Беше смешно и малоумно, ама,.. функционираше. 

Извршителите влегуваат повторно во игра. Ајмо децоо дефокусирање од проблемите. Медиумите мора да имаат нова тема. Стана банално околу изборите. Околу короната. Не дека нешто ќе се случи спектакуларно затоа што ако власта не ги одложи повторно, социјалната експлозија и незадоволството се пред врата. Не дека сега имаме среќни граѓани, ама тоа ќе биде капак. Капката што ќе прелие гнев. Како и да е, со новиот бран што се очекува од Септември ‘‘ јамб у најава‘‘, со извршителите, со немаштијата, изгубените работни места, очајот, безнадежноста, можеме да закључиме само едно, а тоа е:

Кој и да прави влада, кој и да биде премиер, кој и да биде главна фаца, ‘‘ кукала му мајка‘‘ со затечените проблеми и со тие што допрва го очекуваат. А народот?!? Ма,.. ‘ тури му таквото‘‘ и спремај го за нови избори ‘‘ трета мајка‘‘ догодина. Нема друго чаре. Во меѓувреме ке го гледаме Боки 13 на вести секој ден и ке броиме починати и заразени од Ковид – 19. 

Јас би сакал да има поинакво, по позитивно сценарио, ама нешто од унутра ми вика ‘‘ Жими такво‘‘, не се занесуј. Работава е ‘‘ дрш ми го Маре гајтанот‘‘ и не го тегни многу.

Агим Јонуз


 

Најчитани вести