Австралјанката Рене Грејси пред извесен период го напушти авто-мото спортот за да снима филмови за возрасни, а сега како што изјави повторно ќе се врати на трките.

Пред да го напушти спортот таа се натпреваруваше во „В8“ шампионатот на супер автомобили, но поради слабата заработувачка се решила да замине во индустријата на филмови за возрасни, каде што неделно заработувала дури по 20.000 долари и како што вели сега тие пари ќе ги вложи за враќање на стазите.

-Сега финансиски сум безбедна и можам да се натпреварувам. Сега без грижи можам да се натпреварувам и да не се мислам што ќе се случи доколку го удрам автомобилот. Имам свој буџети нема да зависам од спонзори, рекла Рене Грејси и додала дека можеби ќе добие забрана за настапување поради актуелната работа.

-Не верувам дека ќе одам толку далеку за да ми забранат да се натпреварувам.

На прашањето дали ќе остане во порно индустријата, таа рекла:

-Нормално, нема да се откажам. Тоа ми носи одлична заработка, рече Рене

Најчитани вести