Еден од двата приговори на ВМРО ДПМНЕ до Државната изборна комисија се однесува на неважечките ливчиња, кои на овие предвремени парламентарни избори беа дури 31.564.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на јавната седница го прочита приговорот на ВМРО ДПМНЕ во кој се вели дека нивните сознанија од нивните претставници во избирачките одбори при броењето на гласачките ливчиња се дека најголем дел од неважечките ливчиња биле со чкртнато Северна од името на државата, Република Северна Македонија.

Коалицијата Обнова за Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, смета дека треба да се разгледаат повторно овие неважечки ливчиња и да се прифатата како важечки бидејќи се работи за заблуда, а всушност гласовите треба да одат на нивното конто бидејќи е заокружен бројот 14.

Овој број беше реден број на оваа коалиција на гласачкото ливче. Приговорот беше едногласно одбиен.

Беше одбиен приговорот на ВМРО ДПМНЕ и за рачно броење на сите гласови.

Ова е последица на измама од СДСМ кои објавуваа лажни повици по социјалните мрежи, навордно од ВМРО ДПМНЕ, нивните гласачи да прешкртале Северна во називот на државата или да напишат Никогаш и, очигледно, над 20.000 гласачи на ВМРО ДПМНЕ наседнале на овој измамнички повик на СДСМ. Обвинителството не отвори постапка за истрага против измамниците кои сториле кривично дело со измама да наштетат на избирачко право на гласачите.

Ова значи дека на ВМРО ДПМНЕ му се одземени најмалку три до четири пратеници со оваа одлука на Државната изборна комисија. Имено, досега, ваквите појави не се сметаа за неважечко ливче, туку примрано беше дали на гласачкото ливче е јасно изразена вољата на гласачот што, во овој случај, е сторено.

Најчитани вести