Истражувањето кое го спровела група научници во Берлин е дека процентот на смртност кај заболените од корона е понизок во земјите каде е висок процентот на оние кои јадат ферментиран зеленчук. Последното истражување кое го предводел Жан Буске од берлинската универзитетска болница докажува дека и стапката на смртност е пониска во земјите во кои во голема мера се јаде традиционална, ферментирана храна. 

Како што тврдат, значајните промени во микробиомот предизвикани од современиот начин на живот и помалиот внес на закиселен зеленчук влијаат на ширењето и сериозноста на болеста. Многу намирници имаат својство на антиоксиданти, додека процесот на ферментација ја зголемува антиоксидативната активност на прехранбените производи. Под тоа се подразбира млеко, овошје, зеленчук и месо. 

За тестирање тимот ги користел информациите од европската база на податоци за потрошувачка на храна на Европската агенција за сигурност на храната (ЕФСА) за проценка на потрошувачката на различни закиселени намирници по земји, вклучувајќи зеленчук, млеко, јогурт, кисело млеко и закиселен, односно мариниран зеленчук.   

Имено, ризикот од смртност од ковид-19 се намалувал за 35,4 отсто по секој грам просечна дневна потрошувачка на закиселениот зеленчук.

Најчитани вести