Ѓорѓе Балашевиќ има едни стихови, вели ‘‘ свадба беше ко свадба и шта да се прича, парада пијанства и кича,... и позната цура у белом‘‘. Поминаа изборите на кои повеќе се гледаше како на монитор во некоја маалска кладилница, отколку на судбински консеквентна битка на султанати. Се е речено кај Џоле у песните. ‘‘ Широк осмех и златан зуб‘‘, работава. Секако на политичкo ниво. Метафора. Сите ние кои џвакаме бурек во јавноста сме во овој филм некакви своевидни, политички и социјални   ‘‘Васа Ладачки‘‘. 

Над стадото Мојсеево по земјата македонска лебди голем знак на чудилник ( извичник) и тоа над повеќе од пола нив. Вели што ли се случува со пола Македонија? Зошто не гласаше. Зошто нема свој став изразен со излезеност и гласање? Се шири реа на траор над житното поле огреано со сонце како во филмот ‘‘Гладијатор‘‘ кога чекори по житото враќајки се дома.

Диоптерот ми  вели дека на овие избори гласаа само партиските следбеници, пензионерите што се среќни дека уште ги има на избирачки список ( на пр. мајка ми), ‘‘интересџиите‘‘ и оние кои се плашеа дека некој може да ги фати у лага ако се колнат дека гласале, а у суштина кењаат гурабии. Тоа се оние кои лапнале по нешто, па им стои у гркљан.

Зошто Македонија има толкав број на неопределени, воедно и незаинтересирани за гласање? Мојот личен став е дека масата е сита ‘‘ политичког свега и свачега‘‘ и дека очајот од ситуацијата во која се наоѓа државата им изгледа нерешива енигма со политичка постава која во својот ветувачки бледолик, цело време пука во воздух со куршуми кои немаат реално пробојна моќ во ментумот на еден обичен граѓанин. На оној што размислува со сопствениот мозок и кој не е само статистичка бројка. 

Овие избори беа аждер за малите политички партии и оние кои сметаа дека со Голијат може да се справат само со пцуење мајка. Султанатите потврдија дека сеуште се султанати. Не се заебаај со нив! Арно ама, до кога? Е!,.. тоа е прашањето кое сами на себе си а богами и јавно го поставува таа огромна неопределена маса која не излезе да гласа. А да излезеше, дури тогаш прашањето од милион долари ќе беше како ли ќе изгледаше резултатот на крај. 

Криво ми е што Интегра не доби шанса да ја поврзе Струмица со Охрид со супер модерен воз. Дали сме сведоци дека имаше многу ‘‘Интегри‘‘ кои само ја изгризаа гласачката кутија беспредметно во време во кое пресудноста на одлуката треба да значи некаков спас и растерување на политичката неуспешна смрдеа на безнадежноста? Да! И ако на сите тие им го додадеш бројот на неизлезени од разни причини, битката останува исклучиво двополарна на ниво на гласање на партиски војници и ‘‘остатак стада‘‘. 

Кој победи!? Сите и никој! Тоа е единствената реална оценка. Реалната слика на резултатите од изборите кажува дека не сме мрднале ниту една педа од минатите избори. Истовремено кажува дека ВМРО не е политички паднато на колена како што најавуваше актуелната власт. Дека после изборите ќе оди во историја. Извини дечко, за оној што знае да чита арапски бројки, да го потсетиме дека во политиката разликата во само два пратеника е еквивалент на ‘‘пата – пата‘‘ ситуација. Да расчистиме, не фаворизирам никого. Само констатирам реална ситуација. А таа вели дека СДСМ не успеа ‘‘да го нокаутира‘‘ ВМРО како што најавуваше. Успеа само да добие ‘‘на поени‘‘. NON HABEMUS NOKAUT!

ВМРО не ми е ни брат ни сестра ни фамилија ни финансиер ни касиер! Но, реалноста е таа!

Во здравите држави кои негуваат здрава парламентарна демократија разликите се секогаш по евидентни. Кај нас е бледило во трка на спасители на Македонија кои барем досега покажаа дека нешто мора да стават на масата за јадење ама да е ново, калорично и да е посакувано. Голема трагедија е тоа што некој само десно ориентираните партии ги третираат како популистички. Се е популизам. Само зависи да простите ‘‘ кој курац у кое паковање иде‘‘.  Популизам е и кога му се обраќаш на народот макар со зборовите ‘‘ добро утро Македонијо, добро утро народее‘‘! Јас сум тој за кого треба да гласаш, затоа што јас сум твојот политички ‘‘ Исус спасител‘‘!

Проклето неблагодарно е во Македонија да си реален. Злонамерници ми забележуваат во стилот на ‘‘ аман бе ти Шиптар иди оговарај ги и пиши за своите‘‘! И кога велам ‘‘ а бе ајван, сите сте вие мои‘‘, мислат дека сум Хипокрит! Не! Јас сум граѓанин на ова поле врз кое пече сонце исто колку и мене и тебе. Остај ги ти ‘‘ Шиптарите‘‘. Таа страна е приказна за себе. И не се плаши! Со влезот во НАТО границите на Македонија се забетонирани. Тоа што можам и морам да го признам е податокот дека ‘‘ секој игра оро околу сопствениот огин‘‘. Тоа е за современа македонија долгогодишна рак-рана. До сега со здрав разум ќе изградевме држава на која Швајцарија можеше вода да и носи. ( фигуративно).

Елем, по моја проценка на Македонија и претстои еден период на ‘‘кој ќе го вие шамивчето‘‘ на орото наречено македонска политичка стварност. Резултатите се такви што комбинаториката е виножитна и дека се може да се случи ако се случи. Но! Ајде да промучкаме малку мозак и да си признаеме дека не е неверојатно ако од повеќе причини догодина на локалните избори ќе има повторно предвремени парламентарни. Се на купче и ‘‘ трета мајка‘‘ политички ‘‘ Шеш – беш’’!
До тогаш, невидливиот непријател кој коси а се вика Ковид – 19 ќе не стави сите нас во ситуација да сакаме-не сакаме мораме со заеднички сили да ја спасуваме македонската социјална стварност. 

ЈАВНА ОПКЛАДА: догодина локални и парламентарни избори! Ама биле предвремени! А бе дај не кењај! Ај размисли ! А до тогаш!? Една убава широка коалиција  у која има само една филозофија! Таа се вика ‘‘ спашавај дупе од Корона и од сиромаштија‘‘! Таман до тогаш и многу нешта ќе се искристализираат, или барем сликата ке биде појасна па и оние за кои пишавме дека се неопределени ќе се определат дали се ‘‘ метро или стрејт‘‘ ( мала шала).

Во меѓувреме државата ќе убаци ‘‘ у лер‘‘ а народот ќе ја бутка колата како и секогаш. Народот си навикнал да го дупиш. Кога сакаш, како сакаш и колку сакаш.  Вози Мишко и не таласај!

Агим Јонуз
 

Најчитани вести