Движењето БЕСА им се заблагодари на сите избирачи кои, дури и во вакви услови на пандемија, излегоа и гласаа за Движењето БЕСА и Коалицијата „МОЖЕМЕ“.

„ Завршивме еден предизвикувачки изборен циклус, преземавме ризик, што никој не се осмели до денес, и докажавме дека направивме вистинска одлука со тоа што застанавме на вистинската страна.
Понекогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна, но Движењето БЕСА на овие избори ги има и бројките и победата и е поставена таму каде што сакаат повеќето граѓани во земјата, во опцијата што гарантира пат за интеграција во ЕУ, економски развој и градење рамноправна држава за сите, врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други заедници етнички.

Успеавме да го удвоиме бројот на мандати, така што на овие избори во Собранието ќе имаме 4 пратеници на Движењето БЕСА. Исто така, изразуваме задоволство што нашето учество во коалицијата „МОЖЕМЕ“ ја направи разликата и ја обезбеди победата. Несомнено, мандатот на Коалицијата СДСМ и БЕСА ќе биде владин мандат во наредните четири години, а целата наша заложба ќе биде насочена кон продолжување на патот на интеграцијата на земјата во Европската унија и одржување на прозападната ориентација на земјата која се потпираше на нашите сојузници како САД и земјите од ЕУ“ порача генерален секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа.

извор: Makfax

Најчитани вести