Половина од естрадата е погодена од епидемијата на коронавирусот, која не ја заобиколи ниту популарната фолк пејачка Милица Тодоровиќ.

Милица откри на почетокот на јули дека е позитивна за Ковид 19,  вирус со кој се бори веќе две недели, а нејзината здравствена состојба никако да се подобри.

Милица е во изолација со својата колешка,  пејачката Славица Ќуктераш, која исто така е заразена со „Ковид 19“, но нејзината состојба веќе е значително подобра.

Извор близок до пејачката наведува дека иако состојбата на Милица не е драматична, загрижува фактот дека таа не се подобрува, па иако таа не е во животна опасност, нејзината здравствена состојба не е несериозна.

Тодоровиќ долго време има многу изразени симптоми на коронавирусот: чувствува малаксаност и слабост, болки во мускулите, кашлица, кивање и треска. Високата температурата е прилината што  прави Милица да се чувствува лошо и исцрпено, иако се обидува да ја спушти и да се лекува на сите можни начини.

И покрај примањето терапија во вид на земање лекови пропишани од нејзиниот лекар, таа исто така се обидува да го подобри своето здравје и на други, алтернативни начини начини, но засега, ништо не се покажува како ефикасно.

 

Најчитани вести