„Епл“ ја доби судската битка со Европската комисија.

Тие се жалеа против пресудата на Европската комисија дека на Ирска ѝ должат 13 милијарди евра данок.

Вториот највисок суд на Европската Унија пресуди дека Комисијата не докажала дека компанијата добила нелегална државна помош од Ирска преку поволни договори за даноци.

Во 2016 година, Европската комисија откри дека ирската влада му дала на „Епл“ незаконска предност.

Но, Ирска не сакала пари. Таа стана европска база за компании како „Епл“, „Гугл“ и „Фејсбук“ затоа што има една од најниските стапки на данок на добивка во Европа – така Ирска се здружи со „Епл“ и започна борбата против ЕК.

Портпаролот на „Епл“ изјави за „Си-ен-ен бизнис“ дека компанијата е задоволна од одлуката, тврдејќи дека случајот никогаш не бил за тоа колкав данок се плаќа, туку за тоа каде се плаќа.

„Горди сме што сме најголемите даночни обврзници во светот затоа што ја знаеме важната улога на плаќање данок во општеството. ‘Епл’ плати повеќе од 100 милијарди долари данок на добивка во светот во текот на последната деценија“, рече портпаролот.

Шефот на „Епл“, Тим Кук, изјави дека пресудата на ЕК не е заснована врз законот, туку дека тие имаат пик на „Епл“.

Одлуката ја поздрави и ирската влада, која рече дека „Епл“ никогаш не добил посебен третман.

извор: Makfax

Најчитани вести