Изборот на сопствен дом подразбира и избор на простор кој ќе ги задоволува Вашите потреби, ќе го отсликува Вашиот карактер, ќе Ви го овозможи потребниот мир. Место каде ќе минувате време со Вашите најблиски, место кое секојдневно ќе го исполнувате со спомени и среќни мигови. Станбените единици во ВЕСТА се подготвени да ја раскажат Вашата приказна на генерациите после вас.

Заборавете на градската бучава и побегнете од прединамичните урбани средини. Оддалеченостa од сообраќајниот метеж, во исто време, опкруженоста со зеленило значи дека Вашиот нов дом во ВЕСТА ќе Ви го понуди посакуваниот мир, спокој и релаксација. Од друга страна, непосредна близина на ВЕСТА до центри и локации за задоволување на разновидни животни потреби ќе ги исполни Вашите очекувања за безгрижно секојдневие.

Објектот располага со два влеза опремени со засебни лифтови, што дополнително ја олеснува фреквенцијата на движење. Располага со подземен паркинг на две нивоа и паркинг на ниво на терен.

При осмислувањето на станбените единици секогаш се стремиме кон нивна максимална искористеност, со што добивате простор кој воедно нуди врвен комфор и одлична функционалност.

При изведбата на становите целосно внимание се насочува кон квалитетот на материјалите, што Ве осигурува дека Вашиот нов дом има дополнителна вредност во однос на други објекти.

Се Користат плочки и санитарии со највисоки стандарди, произведени од реномирани европски производители. Во становите се вградува трослоен храстов паркет – таркет, од 100% природно дрво и прозорите се ПВЦ со пет комори. Фасадата на објектот задоволува А - стандард за енергетска ефикасност.
 

Најчитани вести