Владата на денешната 76-та седница донесе протоколи за работа на базените и плажите; а се укина и одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска: Освен тоа земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19.
Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.
 

Најчитани вести