Skip to main content
x

12 Jul 2020 - 18:15
sportmedia
Статија

Нема никој како Горан Пандев. Мајсторски стрелаше во мрежата на Спал за водство на Џенова. По една супер акција, Пандев отиде малку на косо на десно, но тоа не беше проблем.

„Распали“ со десната нога во аголот од голот на Спал за водство на Џенова. Носи предност на тимот, кому му е потребна победата за опстанок во Серија „А“. Секоја чест за Пандев, покажа како треба да се бори за својот тим.

sportmedia.mk

Најчитани вести