Еве за кого се работи!

Пред да ја започне романсата со Цеца Ражнатовиќ, Жељко Ражнатовиќ Аркан бил во емотивна врска со нејзина хрватска колешка Дорис Драговиќ.

Старастите меѓу нив двајца се распалиле кон крај на осумдесетите години, пред да почне војната во бивша Југославија.

- Тоа беше врска со страсти, посебно кога станува збор за Аркан – тврдел своевремено извор близок на Жељко.

- Во тоа време тој често ги фалел нејзините вештини во кревет, додека Дорис била заљубена како тинејџерка. Биле на ивица на брак. Уште тогаш размислувал да се разведе од тогашната сопруга Наталија – открил изворот.

Дорис и Жељко ја криеле врската, но сепак излегувале заедно, посебно во белгратските клубови “Нана“, “Трозубац“ и “Мажестик“. Тоа го потврдува и познат естраден менаџер Влада Перовиќ, кој често ги гледал заедно.

- Захар и јас и правевме албум, но кога свативме дека е таа ф*шиста, престанавме да се дружиме. Меѓутоа, продолжи да доаѓа кај мене во “Дуга“, и тоа со Аркан. Се влечеше по Белград со него... – вели Перовиќ.

Изворот вели дека на Аркан и Дорис едноставно не им било судено.

- Ситуацијата во стара Југославија само што не почна, а веќе имаше тензии, па за неа во Србија не беше едноставно да остане во врска со Жењко кој бил водач на навивачи на Ѕвезда. Аркан ја убедувал да се пресли во Белград, таа му одговарала дека тоа ќе го стори штом ќе се разведе од Наталија – раскажува добро упатениот соговорник.

Жељко и Дорис подоцна ги прекинале контактите.

Во 1993 година, Жељко ја запознал Светлана Цеца Ражнатовиќ и се оженил со неа две години подоцна.

- Умееше и пред Цеца повремено ја спомне Дорис, шегувајќи се дека била “чудо“ во кревет, што нејзе тоа страшно ја нервирало... Сите кои тогаш се дружеле со него знаат дека Дорис многу повеќе го сакала Аркан отколку тој неа – завршува изворот.

Инаку Дорис Драговиќ никогаш не одговорила на прашањето за Аркан, нити детали од нивната врска.

Најчитани вести