За намалување на коруптивноста во време на изборите, и по согласност од Европската унија, Македонија донесе закон со кој наместо фирми и анонимни спонзори државата да ги плаќа кампањите на политичките партии за да нема создавање нелегални обврски од државата кон фирмите спонзори кои потоа се раздолжуваат со наместени тендери за фирмите кои спонзорирале. СДСМ со уредба го смени ова за овие избори.

Од порано, како и во секоја друга европска држава, забрането е финансирање партии и особено избори со пари од странско потекло, и странски донатори. СДСМ, преку владата, со уредба ги преполови државните сретства за кампањата заради наводно штедење, а даде буџетски  пари за своите медиуми, за куќи за пингвини, за партиските невладини организации... и влезе во корупција.

СДСМ преку уредба на владата која ја предводат се повикаа на помош на фирмите за време на епидемијата и дадоа пари на фирмата Еленица на Заеви и на фирма од семејството на нивниот Кочо Анѓушев. Според наше сознание тие пари се наменети за маркетинг агенција од Белград која работеше за СДСМ и за време на Шарената Револуција, а и сега за овие избори. Обвинителството, со мала истрага за одлив на плаќања на овие фирми, или од нив преку трети, може да најде колку пари завршиле кај белградската агенција Голин.

Годинава, заради епидемијата, ние имаме избори без митинзи туку преку медиумите и социјалните мрежи. На Фејсбук, тоа сите можат да го забележат, СДСМ објавува спонзорирани текстови во своја корист, односно платено рекламирање за да стасаат текстовите од интерес за СДСМ до поголем број луѓе. Се појави пресметка од експерти кои работат дигитален маректинг дека СДСМ троши најмалку 27.000 евра дневно! за таа цел или, за 20 дена кампања, плаќаат 540.000 евра!

Тие пари не се пријавени во рекламната кампања, и се криминал сам по себе. 

Сега се поставува прашањето кој ги плаќа тие големи 27.000 евра секој ден? Дали се тоа парите од Рекет, или заедно со нив постои и друг црн извор на финансирање?

Ако ја погледнете Фејсбук страната на партијата СДСМ ќе видите дека страната има 17 администратори од Македонија, еден од Британија и - четири од Унгарија. Ова е битно затоа што секој кој е администратор може од сметка да плаќа рекламирање, спонзорирање или бустирање за изборни потреби на СДСМ.

Тие пари, платени преку администартор од Унгарија не се евидентираат во Македонија, не влегуваат во буџетот за партиско рекламирање кое го следи Државната изборна комисија или Обвинителството, и значат финансирање на изборите со донатор од странство кој патем е и анонимен, што е јасно вршење кривично дело во изборите.

Во Унгарија, случајно или не, е европскиот центар на Сорос Фондацијата која традиционално, на сите можно но, често и на сомнителни начини, го финансира СДСМ со децении. Дали треба да е некој многу паметен па да го поврзе ова незаконско финансирање на СДСМ во изборите со парите од Рекет од една страна и тајни фондови во Унгарија од друга, а да не види дека зад тоа стои Фондацијата Сорос?! Или, можеби Никола Груевски и Орбан го финансираат СДСМ... според конструкциите и шпекулациите кои активистите на СДСМ ги употребуваат,

Најчитани вести