Бев на гробишта и гледам луѓе кои не смејат да се простат од најмилиот на начин како од век векови го практикувале. Нема пострашно отколку некој што те тепа не ти дава да плачеш. Не е до законите, до луѓето е. Траорот стана секојдневие. Внатрешниот траор кој создава коска во грлото и ти се што имаш е да молчиш. Солзите ти немаат таксиметар, никој не ги брои. Лето богово да не кажам проклето двеиљади дваесто. Се е отидено у три пизде материне.

Кампањава е еден калеидоскоп од ‘‘ да гледаш да не веруеш‘‘. Додека некој те убедува дека живееш во најсреќната држава, додека некој ти ветува дека така и ќе продолжи, ти седиш со прстот на чело и си велиш ‘‘ среќен сум‘‘. А веднаш потоа се смееш хистерично у себе си.  И што е најстрашно одиш по улица и си кажуеш вицеви. Сам на себе. Уште позаебано е ако вицот што сам си го кажуеш не си го сватил. А што ќе сватиш! Глуп ти е вицот ионака, зошто мозокот ти трокирал од убавина. На арно нека е. Од убавината, де!

Хипокризијата стана дел од нашето ткиво, ментално и физички. За да функционираш треба да се адаптираш на бајати насмевки, на ‘‘нема проблем ќе биде‘‘ фрази, на околина која како во хорор филмовите блеска, а секој момент знаеш дека зад неа стои Врколак во сите форми. Само чекаш да те прождере. А ти си викаш ‘‘ не бе ова е скриена камера‘‘, ова е само лош сон, сигурно ќе се разбудам сабајле жив здрав и насмеан. Но, доста патетика. Научи се да се лажеш самиот себе си дека се е во ред исто како што си се научил сам да си кажуваш и вицови.

И тука доаѓа попладнето со обавезни вести на секој канал. И да не гледаш вести, у секоја финта се прекинуе програмата која е уредно политички платена, во која некој се обидува да ти го разнежи срцето со медени зборови од уста која едвај научила ‘‘која чорапа на која нога иде‘‘. Ти ја ветува ветената земја Израилова на начин кој ни Мојсеј не би го измислил. Ти носи исклесани ветувања на камена плоча која вели ‘‘ гласај ме мене, ти ветувам дека јас сум твојот спасител‘‘. Потоа замижуваш, се повикуваш на оноа малку здраво мозочно ткиво кое ти функционира и во себе вреснуваш на сет глас ‘‘ достаааа,.... да ви ебам се живо‘‘ !!!....

Во кампањата ред медени зборови, ред лајна, ред забава. Се зависи кои наочари си ги стаил за пред телевизор, палејки цигара со упаљачот што ти го донеле до врата. Старата ти мајка цела среќна што и направиле сајгија и дошле на врата да и кажат некој меден збор, ама таа од политика се разбира како Крале Марко у  Формула 1. Нека е жива и здрава де. Дента на избори пензионерите први одат да гласаат. Ќе ја испоштувам рано на петнаести. Нек се забавља. А јас? Зини да ти кажам!

Коронава маме ни еба мамино, ама се тешиме дека не сме само ние ебаните, туку цел свет. Арно ама, штетата е на ниво на ‘‘ рецесијата ќе си го земе данокот, јал-нејал‘‘. Во земја која ионака е во борџови до гуша ( е ај погодете која) во која гигапримитивизмот е лајтмотив, кој меден збор можеш да го ставиш како засладувач во горкото кафе? Треба објаснување? Пелинот кој си го пијуцкаме само ќе биде уште по горк, поготово после сите последици што не очекуваат иако се веќе седнати со нас на каучот дур гледаме вести.

И?.... и на вујна ти. Што можеш да смениш!? Викај ура и бегај назад. И не сери против никого ништо, зашто во целата лајна ти фали уште тој што ќе победи кога ќе дојде на позиција да ти го ‘‘дозбибери‘‘ животот со ‘‘ аха,..ти ли беше тој анасана’’?  А тебе ќе ти остане само опцијата да одиш до првото гранапче и да се начукаш стоејки у ќуше и довикувајки ‘‘ здраво комшија, тепаа нашите, ааа? ‘‘.  Много јака финта е тоа за пред гранапче, зашто никој не знае ‘‘кој се мои – кој се твои‘‘, а сите насмеани,... и добро изебани у мозак !

Живот тече даље, а мене нешто не ми е ‘‘дан‘‘. Не ми е ни недеља, а, богами ни година. Глеам лево – десно, и на другите не им е. Бев на гробишта и гледам луѓе кои не смејат да се простат од најмилиот на начин како од век векови го практикувале. Не ми е тоа поентата. Поентата ми е вџашеноста од тоа колку ладнокрвно се случува Армагедон пре нашите очи. Денес ни умирачката не е умирачка. За некого е спас. Така чув еден на гробишта.

Отишло се,... у три пичке, лепе материне. А?!.... молим!?! Да!,.. ништо ново ! Одамна...

Агим Јонуз

Најчитани вести