Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот партиски собир во Тетово упати остри критики кон лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинувајќи го дека претерал со изјавите ДУИ да оди во опозиција.

- Засега останува на мене дали некогаш ќе пишувам мемоари за овие минати 20 години. Но, Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се тие се гласачите на ДУИ, тие се Албанци на Република Македонија, тоа е гласачкото тело. Но, не и Зоран Заев. Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат. Така им се случи пред 20 години кога седнавме и преговаравме за многу големи прашања, територијални поделби и тие ја загубија играта мислејќи дека доаѓаме од планината и не знаеме ниту политика ниту дипломатија – подвлече Ахмети.

Најчитани вести