Skip to main content
x

8 Jul 2020 - 23:25
sportmedia
Статија

Новиот англиски првак Ливерпул, лесно се справи со Брајтон на гостувањето, и го совлада со 1:3.

„Црвените“ веќе во 8. минута имаа 0:2, со головите на Салах во 6-тата, и на Хендерсон две минути подоцна.

Но, прекрасниот гол на Тросар од Брајтон во финишот од првиот дел донесе намалување на водството и неивесно второ полувреме.

Така и беше, а откако Брајтон пропушти неколку добри шанси за израмнување, Мо Салах во 76. минута со глава по нафрлен корнер, ги постави конечните 1:3.

sportmedia.mk

Најчитани вести