Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 53 нови случаи на инфекција со коронавирус од 392 спроведени тестирања.

Регистрирани се 35 нови случаи во Подгорица, шест во Цетиње, пет во Бјело Пољe, три во Бар, два во Будва и по еден во Плевља и Никшиќ.

„Во текот на денот пристигна еден извештај за сомнителна смрт која се поврзува со коронавирус. Во тек е лабораториска обработка. Вкупниот број потврдени смртни случаи од почетокот на јуни од Ковид-19 е осум. Вкупно се опоравиле петмина пациенти“, се вели во соопштението на Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на јуни, вкупниот број на регистрирани случаи е 636, а бројот на активни 623.

 

 

 

 

извор: Makfax

Најчитани вести