160 милиони евра, во текот на четири годишниот мандат, ќе инвестираме во спортот, културата и образованите, се обврзува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова го истакна Мицкоски во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија, кој додаде дека ова ќе бидат дополнителни средства кои што ќе се инвестираат во овие дејности. Трите денари за кои што СДСМ ја покачи акцизата на нафтата ќе бидат соодветно распределени во спортот, културата и образованието.

На годишно ниво овие средства изнесуваат некаде околу 40-тина милиони евра или 160 милиони евра, кои дополнително, директо ќе се вложат во овие три области, преку вложување во спортски фередации, реновирање училишта, набавка на неопходни нагледни средства.

-Ние се обврзавме пред граѓаните дека оние три денари, кои што во акцизата на нафтата ги покачи СДСМ, да ги распределиме соодветно во тие три области. Тоа се културата, спортот и образованието, што би значело отприлика дополнителни 800 милиони денари годишно или некаде околу 40-тина милиони евра дополнителни вложувања во образованието, спортот  и културата. Пресметани во еден мандат тоа се 160 милиони евра, средства кои што директно ќе бидат ињектирани во спортот, културата и образованието, рече Мицкоски.

Тој додаде дека средства кои ќе бидат обезбедени од оваа ставка, ќе бидат наменети за спонзорирање и финансирање спортски клубови и спортски активности, реновирање на училишта, набавка на неоходни средства за модернизирање на образованието.

-Средства кои што ќе бидат наменети за спонзорирање и финсирање на спортски клубови, спортски активности, спортски федерации и така натаму. Средства кои што ќе бидат неопходни за реновирање на училишта, средства кои што ќе бидат неопходни за обезбедување на нагледни средства, кои што во моментот, би рекол дека се никакви, истакна Мицкоски.

Тој додаде  императив ќе биде да се обезбедат нагледни средства за да можеме и  ние да бидеме индустриски осовременети.

Најчитани вести