Skip to main content
x

8 Jul 2020 - 21:55
sportmedia
Статија

Елиф Елмас требаше да биде стрелец на првиот гол за Наполи на дуелот со Џенова, но му беше поништен не по негова вина, затоа што негов соиграч играше со рака пред Елмас да ја затресе мрежата.

Сепак, Наполи дојде до водство преку Мертенс пред крајот на првиот дел.

Џенова успеа да дојде до израмнување преку Голданига на стартот од вториот дел. Но, нововлзениот Лозано донесе водство и победа од 1:2, со што Џенова остана да се бори за опстанокот до крајот на првенството.

Пандев и Елмас се „сретнаа“ само 11 минути. Пандев влезе во 71. минута, а во 82-та Елмас излезе од игра иако беше стартер за гостите.

Фиорентина одигра без голови на домашен терен со Каљари.

sportmedia.mk

Најчитани вести