Вечерва после 20 часот, мирните протести пред Собранието во Белград се претворија во хаос!

Како и во претходната вечер, демонстрантите почнаа да фрлаат кон полицијата со сè вклучително и факели, пред Собранието.

После вчерашните протести поради најавата за евентуално повторно воведување полициски час во главниот град и демонстрациите што ескалираа пред зградата на Националното собрание, состојбата е иста денес.

Иако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на јавно обраќање изјави дека нема да има повеќедневна забрана за движење, но дека конечната одлука ќе ја донесе утре Владата на Србија, сепак на улиците на Белград има уште повеќе поддржувачи на разни политички опции.

Демонстрантите ја разгореа полицијата со шишиња и бакљи пред српскиот парламент, по што полицијата врати со солзавец.

Ситуацијата ескалира со целосно насилство, демонстрантите не запираат и колку што може да се види, тие се претежно помлада популација, додека полицијата стои собрана во кордон и сè уште не реагира.

Најчитани вести