Под влијание на протестите во Белград, неколку илјади граѓани се собраа и во Нови Сад, на Плоштадот пред Градската палата, а кон нив се придружија и студенти од домовите во Нови Сад.

Група од пет млади мажи облечени во црно, кон полициските патроли фрлаа со камења и петарди.

Неколку моменти подоцна, зградата на Радиотелевизија Војводина беше нападната со камења и петарди.

Локалните медиуми јавија дека биле каменувани и простории на партијата Српска напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.

извор: Makfax

Најчитани вести