Одделението за интензивна нега во болницата „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо, за прв пат од почетокот на епидемијата на 23 февруари, нема ниту еден пациент со Ковид-19, соопшти денеска болницата.

Во ова одделение имало пациенти кои страдале од вирусот „Ковид-19“ цели 137 дена, а Бергамо исто така беше меѓу италијанските региони најпогодени од епидемијата.

Во екот на кризата, болницата во Бергамо истовремено имаше до 100 пациенти на респиратори.

Италија беше една од најпогодените земји од коронавирусот, а особено големо жариште беше Ломбардија каде територијално припаѓа Бергамо.

Од почетокот на кризата во Италија регистрирани се  242.149 случаи позитивни на коронавирус, од кои 34.914 починаа. Само во Ломбардија имаше 94. 651 заразени со Ковид-19 од кои 16.725 ја загубија битката со вирусот.

Најчитани вести