Руското Министерство за здравство го одобри „Коронавир“, препарат против коронавирусот. Ова е трет одобрен препарат досега. Пред тоа беа одобрени Авифавир и Арепливир.

Коронавир може да се користи само во болнички услови. Препаратот не се препорачува за бремени жени и за оние жени кои планираат бременост, за време на периодот на доење, како и за пациенти со бубрежни заболувања, како и за лица помлади од 18 години.

Авифавир беше одобрен кон крајот на мај, а клиничките испитувања започнаа дури во април. Арепливир беше одобрен на почетокот на јули. Создавањето на лек против Ковид-19 може да се спореди само со откривање на антибиотици кои го спасија човештвото од бактериски инфекции. Русија е една од првите земји што направи лек против ново опасно заболување.

Клиничките студии покажале дека неговата ефикасност е 90 проценти, односно девет од десет лица со навремено лекување се гарантирано дека нема да умрат.

Најчитани вести