Црешите векови наназад се познати како овошје на добар глас кои имаат многу лековити својства.

Црешите се многу богати со антиоксиданси, а истражувањето покажало дека поволно влијаат на превенција од срцеви болести, здравјето на коските и смируваат болка. Покрај антиоксидансите за тоа се заслужни и флавоноидите кои ги содржат исто така во висок процент.

Се верува дека поради големата количина антоцијанин ова овошје може да ја смири болката и дека грст од овие плодови има подобар ефект од еден аспирин.

Поради големата количина бор, магнезиум и калциум црешите се добри чувари на нашите коски. Комбинацијата од антиејџинг оксиданти, растителни влакна, витамини и минерали ја прочистува крвта и го подигнува нивото на енергија.

Најчитани вести