Аца Лукас остро ги осуди немирите во Белград. Фолкерот се огласи на на Инстаграм и јавно го изјави својот став за актуелната состојба и палењето автомобили, судирите со полицијата и насилниот упад во српскиот парламент.

- Не ги слушајте белосветските противници и хохштаплери, кои се грижат само за вашите пари. Не предизвикувајте ја судбината, ние бевме доволно неодговорни, затоа ни се случува ова. Не ги слушајте идиотите кои ве поттикнуваат да го срушите нашиот град, кој со нашата пот и работа на сите нас сега е метропола како никогаш досега. Паметни се. Оние што не можеа да седнат на вашиот грб на изборите, ве туркаат во бездна, исто како што со години седат на сите нас. Па, сега тие сакаат да користат сила, злоупотребувајќи го генералниот страв од болеста, да го искористат и да земат некој смрдлив политички поен. Кој го организирал ова, срам да му е - напиша Лукас на Инстаграм.

Најчитани вести