АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката- Скопје ќе ѝ предложи на Владата намалување на закупнината на деловните простории на Друштвото, и тоа во целиот период на траење на мерките за заштита и превенција од коронавирусот.

На овој начин, велат од АДСДП, закупците на угостителски објекти би плаќале 30% пониска закупнина на месечно ниво , а сите останати 20% пониска закупнина.

Предлог мерката беше договорена на состанок меѓу дел од закупците и раководството на Друштвото, а на кој генералниот директор Кристијан Трајковски беше информиран за состојбата и последиците со кои што се соочуваат.

Ваквото олеснување ќе можат да го користат само клиентите кои ќе ги подмират финансиските обврски, односно да не должат закупнина повеќе од три месеци, а правото ќе можат да го остварат и сите идни закупци кои ќе склучат договор за користење на деловен простор во сопственост на АДСДП.

извор: Makfax

Најчитани вести