Македонско-холандската компанија „Глас Флекс“ почна со производство на стакло во ТИРЗ Тетово. Министерот за економија, Крешник Бектеши, кажа дека ќе бидат вработени 300 луѓе.

„Чест ми е изадоволство што за само една година од кога беше потпишан договорот преку приватен партнер кој управува со Слободната економска зона токму овде во општина Тетово и со инвеститорот “Глас Флекс“ денеска да имаме можност да го одбележиме почетокот на работата на овој производствен капацитет, којшто ќе вработи скоро 300 граѓани од тетовскиот регион и неговата околина“, изјави Бектеши.

Фабриката „Глас Флекс“ има објект од 8.500 метри квадратни, а ќе се произведува калено, ламинирано и друг вид специјализирано стакло.

„Фабриката е со најмодерна линија за производство на стакло единствен на Балканот, која користи најмодерна технологија со целосно автоматизиран процес. Се работи претежно за извоз, 80 проценти од производството се продава на пазарите на поранешните југословенски републики и западноевропските држави, изјави Гоце Пешов, менаџер во „Глас Флекс“.

извор: Makfax

Најчитани вести