Афродизијаците делуваат на два начина… Некои намирници создаваат сексуална желба дејствувајќи врз умот, а други – со испраќање импулси на одредени делови од телото. На пример, Старите Хелени и Римјаните верувале дека може да го зголемат своето либидо и желбата за секс со џвакање семе од анасон. Анасонот се користи и како поттикнувач на естроген, којшто го зголемува лачењето млеко, ги намалува болките при менструацијата, но и го олеснува породувањето. Натаму – тоа ги намалува симптомите и на машкиот климакс…

Бананите, од друга страна, се богати со калиум и витамин Б, што исто така е потребно за лачење полови хормони.

Реакцијата на телото при јадење чили пак, е потење, зголемено отчукување на срцето и поинтензивна циркулација, слична на реакцијата при секс. Затоа, чилито се смета како идеален стимулант. Се верува дека и босилекот и морковите го стимулираат сексуалниот нагон и ја подобруваат плодноста. За мирисот на краставица се вели дека ја зголемува циркулацијата и го зголемува либидото кај жените. Смоквите се уште едно овошје коешто ги потврдува својствата на афродизијак, судејќи не само според нивниот изглед.

Според стручните лица, и лукот има благо стимулирачки ефект, и тоа токму поради неговиот мирис, но и ефектот врз крвотокот.

Медот е богат со витамин Б, којшто е потребен за лачење тестостерон кај мажите. Папајата, пак, како и анасонот и оревите, има состојки коишто влијаат на женскиот хормон естроген и го зголемуваат либидото кај жените. Интересно, истражувањата покажаа и дека лубеницата делува слично на вијаграта. Тоа е зашто содржи цитрулин што го чисти телото, содржи оксиди, ги релаксира крвните садови, слично како вијаграта. Симболот на плодност – бадемот, како што велат некои, само со мирисот може да ја стимулира сексуалната желба кај жените. Затоа тие се користат најчесто во облик на мирисливо масло за масажа или во бањата.  

Најчитани вести