Жељко Јоксимовиќ доаѓа во Македонија и ќе има свој настап на фестивалот Охридско лето и тоа на седми август, во Античкиот театар. Веста за неговото гостување за ,,Фокус” ја потврдија и од ПР службата на ФОЛ.

-Точно е дека Јоксимовиќ ќе гостува на фестивалот, кој започнува на четврти август и ќе трае до крајот на месец август. Тој ќе одржи концерт на седми, со почеток од 22 часот. За време на сите настани во склоп на фестивалот ги следиме препораките за заштита од Ковид-19. Ќе бидат испочитувани сите владини мерки, намален е капацитетот на посетители, има растојание од два метри. Бројот на гости секако дека ќе биде помал од 500, појаснуваат од ПР службата.

Актерот Роберт Вељановски на својот фејсбук-профил напиша:

Информацијата дека Жељко Јоксимовиќ доаѓа на „Охридско лето“ предизвика негодување со оглед на фактот дека досегашната концепција на фестивалот не подразбираше настапи на музички ѕвезди од овој тип.

Од друга страна некои домашни музичари на социјалните мрежи го искажаа своето незадоволство, и како што потенцираат, неприфатливо им е музичари од странство да бидат на некој начин привилигирани, дури и во време на кризата поради пандемијата, која доста ја погоди нашата естрада.

 

Најчитани вести