Спротивно на најавите за најмалку 3-4 ТВ предизборни дуели на поголемите телевизии, видовме само два ТВ дуели на Алсат и МТВ помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски затоа што Зоран Заев од СДСМ откажа понатамошно учество. Па така, на најгледаните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа нема да видиме соочување на лидерите на најголемите политички партии поради проценката на тимот на Зоран Заев дека лошо му оди со ТВ дуелите и кампањата трпи штета поради него.

После ова можеме да извлечеме заклучоци што видовме, а што не видовме, во двата досегашни ТВ дуели.

Приоритети:

МИЦКОСКИ дава приоритет на економските прашања како вработување, плати, пензии, намалување даноци и странски инвестиции. Приоритет е и влез во ЕУ, добивање датум за преговори најдоцна до почетокот 2021 но, без условувања од Бугарија во врска со редефинирање на македонскиот јазик и историјата.

Освен ова во приоритетите му се реформи на судството и обвинителството, и ветинг со истраги за потекло на имотои на политичарите, судиите и обвинителите што е тема која никој до сега не сакал да ја отвори во Македонија.

Мицкоски во ТВ дуелите на давесетина пати изнесуваше бројки и конкретни економски анализи за сегашната состојба и модели за решенија за идната влада која тој би ја предводел. Според програмата во неговиот мандат се очекува раст на платите од 20 проценти и раст на пензиите од 25%, странски инвестиции од четири милијарди евра и пад на невработеноста под 10%. За младите до 28 години планирно е целосно ослободување од даноци за нивно вработување.

Мицкоски смета дека Македонија има неодговорно и криминално трошење на парите од буџетот и затоа, иако имаме најголем буџет во историјата на Македонија, имаме најмалку капитални инвестиции, имаме проблем со исплата на пензиите и најмали инвестиции во инфраструктурата, здравството и образованието при толку голем буџет.

Во однос на надворешната политика, Мицкоски неколку пати потенцираше дека прв приоритет на Македонија е отпочнување постапка за влез на Македонија во ЕУ, и прилагодување на евопските стандарди. Изјави дека во неговиот премиерски мандат нема да се преговара со Бугарија за постоењето на македонскиот јазик, како ни за историските сидра како идентитетот на Гоце Делчев и на Илинденското востание... Другите теми се отворени за соработка.

ЗАЕВ во ТВ дуелите обрна многу малку внимание. Во ниту еден момент не слушнавме од Заев план за иднината во смисол колку странски и домашни инвестиции се очекуваат и по кој основ. Најави просечна плата од 36.000 денари без образложение како би се стасало до неа, со кој степен на економски раст и вработувања. На оваа тема тој има и хендикеп затоа што на минатите избори најави просечна плата од 30.000 денари која до ден денес не е оставрена.

Во врска со даноците, нешто што е од интерес за секој граѓанин, Заев не спомна ниту збор. Познато е дека владата на СДСМ ги покачи даноците, персоналниот за околу 60%, и дека потоа одлуката ја стави во мирување но, таа ќе се врати во сила веќе кон крајот на 2021 кога даноците повторно ќе бидат на максимално ниво. Немаше ни збор за финансиската дупка во буџетот од 2 милијарди евра која ја создадае владата на СДСМ и како тоа би се санирало во иднина бидејќи годинава Македонија ќе има нов, непланиран дефицит од најмалку 700 милиони евра.

Во врска со судството и правосудниот систем Заев не најави системски реформи туку партиска чистка на судии кои не пресудуваат затворски казни по обвиненијата на СЈО, без оглед на фактите и доказите. Заев им дава домашна задача на судиите, и им најавува која е казната ако не ја извршат. Со оглед дека по обвиненија на СЈО се гонат исклучиво функционери на ВМРО ДПМНЕ како и бизнисмени и новинари за кои Заев смета дека се против неговата партија, овој налог на Заев до обвинителите и судиите е партсики интерес и задача, а никако реформа на судството.

Заев е против ветинг, истрага за потекло на имот на обвинителите, судиите и особено за политичарите. Според Заев немало потреба тој да го докажувал потеклото на својот имот бидејќи имало контрола на тоа порано.

Во врска со надорешната политика влезот во НАТО Заев го смета за негов личен и партиски успех, а не за успех на генерации политичари од осамостојувањето до сега. За него ние веќе имаме датум за преговори за членство во ЕУ, само тоа се уште не ни е соопштено. Заев ниту еднаш не зборуваше за цената која Македонија ја плаќа за влез во НАТО и ЕУ, а тоа е откажување од уставното име на државата, од националниот идентитет, македонскиот јазик и историјата како и за ризиците во иднина од внатрешни судири бидејќи имаме двонационлана држава во која едната нација, македонската, сега е спорна и за Европската унија и за Обидинетите нации.

Заев потврди дека ќе го реализира договорт со Бугарија во смисол на преговори и откажување од националниот идентитет на Гоце Делчев и Илинденското востание, а ќе се преговара и за постоењето на македонскиот јазик. Бугарија најави дека императивно бара откажување од македонскиот јазик за да не стави вето за наш влез во ЕУ.

За Зев приоритет е обраќањето и привлекувањето албански гласачи со кои според него треба да се надомести разликата и доминацијата на ВМРО ДПМНЕ меѓу Македонците, Турците, Србите, Власите, Ромите... во однос на СДСМ.

Криза и епидемија

И покрај фактот дека социјално, здравствено, политички и економски кризата поврзана со епидемијата на корона вирус е највлијателен фактор во секојдневното живеење денес, на оваа тема не и беше посветено доволно време бидејќи Заев одбегнуваше подетално да зборува за ова. 

Фактот дека Македонија, за разлика од другите држави во регионот и Европа, се уште ја нема смирено кризата со епидемијата во подносливи рамки, говори дека валста имала лош и неуспешен пристап во борбата со корона вирусот. Вториот факт, дека имаме убедливо најголема стапка на смртност, говори дека здравствениот системе паднат во колапс.

Мицкоски потсети дека владата не набавила ниту една медицинска опрема, пред се респиратори, што битно влијае на степенот на смртност, и дека Заев за партиски и изборни цели свесно ги втурнал муслиманите во тешка зараза дозволувајќи им собирања за нивниот празник Бајрам иако, во слично време, на христијаните им беше забрането собирање за Велигден и Задушница.

Заев многу малку зборуваше за епидемијата, не изнесе ниту еден аргумент како доказ дека државата успешно се справува со корона кризата, ниту една бројка или анализа која би го докажала тоа, освен популистички фрази дека на здравствените работници им било тешко и дека тој ќе барал од претседателот Пендаровски на сите нив - да им се додели орден.

Наместо орден, според јавноста, здравствените работници треба да имаат поголема плата, награда за посебните ангажирања, медицинска опрема и возила и опрема за заштита кои во епидемијата - ги немаат. Ниту еден орден не спасил никого до сега од зараза и смрт од вирусот.

Што не видовме на ТВ дуелите

Видовме помалку конструктивна полемика, аргументи и факти од она што се очекува во вакви прилики. Особено од власта, односно од Зоран Заев. Одамна веќе е стандард во Европа власта пред секои избори да дава отчет што претходно сработила со парите на граѓаните, и споердба на ветеното за да дојде на власт со она што релано е сторено откако власта се добила. Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ тоа го правеше редовно, па дури издаваа и печатени брошури со детални податоци што ветиле, а што оствариле во време на мандатот. Заев бегаше од отчет пред граѓаните.

Главното што недостасуваше во ТВ дуелите е - отчет пред дграѓаните, особено за 12 милијарди евра буџетски пари.

Не видовме што и како опозицијата и власта ќе преземат, кои законски постапки ќе отворат, во врска со заканите на Али Ахмети и Зијадин Села дека во идната власт мора да има албанска партија инаку ќе следи војна, и ултиматумот на Али Ахмети дека или тој ќе даде премеир, или валст нема да има, при што имаа серија националистички изјави со кои се навредува македонскиот народ и поттикнува национална нетрпеливост.

Заев одбегна да каже како ќе ја спроведе политиката на федерализација, програма на неговиот предизборен коалиционен партнер Беса, која СДСМ ја прифати зедно со договорот за предизборна коалција.

Мицкосви одговори дека Али Ахмети нема да наметне свој премеир во влада која ќе ја формира ВМРО ДПМНЕ, и потсети дека мандатар за премеир на ВМРО ДПМНЕ е Христијан Мицкоски.

Зоран Заев, претседател на СДСМ кој доби гласови во најголем дел заради подршката од граѓанските организации и медиумите под контрола на Фондацијата отворно општество ниту еднаш, со ниту еден збор, овојпат не ги ни спомна овие две категории граѓани кои, во опозиција и до последните претседателски избори, ги спомнуваше често обраќајќи им се со повик и соработка како кон своја главна логистика. И тоа на овие ТВ дебати не го видовме, очигледно соработата на Заев со граѓанскиот сектор и Фондацијата отворено општество не е на поранешното ниво.

 

 

Најчитани вести