Режисерот Даниел Јовески откако во своето портфолио ги запиша соработките со најдобрите домашни имиња на кои им спакува одлични спотиви, реши малку работата да ја прошири и во регионот. И не работи со кого било, туку со идолите од детството - Црвена јабук и Жељко Самарџиќ, кои имаат дуетска песна. И тука не завршува приказната, Даниел на видеото работи заедно со колегата Харис Дубица со кого ова му е прва соработка. 

“Спот за дуетската на Црвена јабука и Жељко Самарџиќ и моја прва соработка со режисерот Харис Дубица. Огромна е честа да се снима со најголемите идоли од моето детство“, напиша на Фејсбук Јовески. 

Што снимиле ќе дознаеме наскоро, а како отприлика ќе изгледа се погледнете од фотките во продолжение. 

Најчитани вести