Поради дефект на огрлица ф-200мм на улицата „Лука Геров“ 3, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од улиците „Антон Чехов“ и „Пелинце“.

Без вода денеска ќе бидат и корисниците од Речиште, Сердарот и дел од Јустинијан Први. Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација, прекинот е поради уличен дефект ф-63мм на улицата „Речиште“ 38.

Водоснабдувањето во овие делови од Скопје ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување со активностите.

Најчитани вести