Skip to main content
x

7 Jul 2020 - 23:55
sportmedia
Статија

Арсенал и Лестер одиграа 1:1 на дуелот од 34. коло на Премиер лигата. Овој бод најмногу им одговара на „лисиците“ кои се четврти и држат место за ЛШ, додека Арсенал се дури на позиција седум. А „топчиите“ добро тргнаа, Обамејанг ја затресе мрежата на Шмајхел (негов 20. гол сезонава) и се беше убаво се до финишот на мечот.

Прво Нкетиа доби директен црвен картон поради опасна игра (и тоа една минута откако влезе во игра), а во 84 минута на додавање на Греј голгетерот Џејми Варди со својот 22 гол сезонава му донесе реми на Лестер. Домашните се лути на судиската одлука затоа што снимката покажува дека има офсајд – Варди малку беше понапред, а ако се направи споредба со претходни натпревари вакви ситни офсајди се суделе. Сега ВАР не реагираше, Варди даде гол и резултатот 1:1.

sportmedia.mk

Најчитани вести