Skip to main content
x

7 Jul 2020 - 23:55
sportmedia
Статија

Легендарниот турски фудбалер Емре Белозоглу стигна до фантастичен рекорд и само тој може да се пофали со тоа во турската Суперлига – дал гол(ови) во четири различни децении. Играчот за врска кој во септември ќе наполни 40 години, тресеше мрежи за Галатасарај во деведесеттите години и на почетокот на 2000, потоа од 2010-2019 за Фернербахче и Башакшехир, а денеска на 7 јули 2020 година даде гол за Фенербахче на дуелот со Генчлербирлиги.

Па така во секоја од последните четири децении Емре даваше голови. Вкупно некогашниот турски репрезентативец одигра 384 натпревари (52 гола) во турскиот шампионат.

Емре исто така играше за Интер, Њукасл и Атлетико.

sportmedia.mk

Најчитани вести