Skip to main content
x

7 Jul 2020 - 22:35
sportmedia
Статија

Најавите на „Спортмедиа“ се остварија. Никола Серафимов и официјално е дел од Академија Пандев. „Академците“ го промовираа талентираниот стопер кој доаѓа од чешка Јихлава каде што не одигра ниту еден официјален меч, а ја имаше таа несреќа и да фати пандемијата на коронавирусот и се врати во Македонија.

Серафимов е дете на Вардар, а си замина од тимот во миговите кога се бореше со проблеми како да ги задржи играчите.

Сигурно дека ќе биде големо засилување за „Пандевци“ во новата сезона. Серафимов денеска го одработи и првиот тренинг со својот нов тим.

sportmedia.mk

Најчитани вести