Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова денеска одржа дискусија со младите пред споменикот на Гемиџиите во Скопје.

Дискусија со млади пред споменикот на Гемиџиите.
Не постои подобра инвестиција од онаа во знаењето. Тоа ќе ве направи посигурни, повлијателни и покомпетитивни не само на личен план, туку и ќе придонесете за општото добро во вашето опкружување.Сум имала прилика да видам како во САД ги спроведуваат предавањата, тоа е сосема еден друг амбиент, студентите се послободни и со поголема интерактивност.Програмата во делот на образованието предвидува особено внимание кон афинитетите, бидејќи не сите сме исти. Оттаму, предвидените стипендии ќе обезбедат можност за оние кои имаат афинитети, а финансиски не се во можност да си дозволат наобразба. Тука особен акцент ќе се стави на магистерските и докторските студии, напиша Силјановска Давкова на Фејсбук..

Најчитани вести