Девојка со српско потекло, Даниела Рајиќ, која е во врска со НБА ѕвездата Пол Џорџ од летото 2013 година веднаш започна да ги полни страниците на американските таблоиди и заради својот изглед но и поради турбулентнитепочетни денови на нивната врска.

Покрај тоа Даниела се многу популарна на социјалните мрежи.  Само нејзината последна фотографија, веднаш доби 20.000 лајкови.

Даниела по дипломирањето на Универзитетот во Мајами, кога не криеше дека заработувала танцувајќи во стриптиз барови, запознала неколку спортски ѕвезди на работа, меѓу кои и Пол Џорџ.

Врската и го смени начинот на живот и од стриптиз бар сега има своја модна линија на костими за капење, а заработува и пари со рекламирање на други, слични производи.

Парот беше во центарот на вниманието во 2013 година кога таа објави дека е бремена и потоа го тужеше Џорџ со цел да се утврди татковството на нејзината ќерка. Тие набрзо се помирија, добија уште едно дете и сега уживаат во семејниот живот.

Даниела е исто така наречена српската Ким Кардашијан поради нејзините физички сличности со популарната старлета, како и бујните облини што често ги истакнува.

Најчитани вести