Човекој кој се најде на познатата фотографија на Њујоркер, како бега од уривањето на кулите на Светскиот трговски центар за време на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, починал од Ковид-19, соопшти неговото семејство.

- Стивен Купер доставувал весници во долниот дел на Менхетн пред 19 години, кога се појавил полицаец кој им соопштил дека мора да бегаат - изјави за Си-Ен-Ен неговата девојка Џенет Рашиз.

Купер е на фотографијата на левата страна, со очила и црна маица, а на сликата се прикажани неколку други луѓе кои бегаат пред облакот од чад создаден од падот на кулите близначки.

- Тој дури и не знаеше дека е фотографиран додека не поминаа две недели. Го прочита весникот и ја виде неговата слика - вели Џенет, која помина 33 години со Купер.

- Тој беше многу горд. Тој ја чуваше таа слика во својот паричник и им ја покажуваше на сите што ќе ги сретнеше - додаде таа.

Авторот на фотографијата е поранешната репортерка на АП, Сузан Планккет, која рече дека била во контакт со некои од луѓето на фотографијата, но дека никогаш не го запознала Купер.

Најчитани вести