Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија, истакна дека бројот три кој сега СДСМ бара да се заокружи е дерогирање на правниот систем и потсеќа на три години катастрофално владеење и три амнестии кои оваа власт ги направи.

-Барате да го подржат бројот три, а во три години имате направено три амнестии, прво огромна група на граѓани  815 лица кои ги амнестиравте осудени за сериозни кривични дела. Втората амнестија за референдумот кој граѓаните не го подржаа, па најдовте начин да направите амнестија која во правната наука е атипична.

И последната амнестија е Законот за обвинителство, каде во него бомбите одеднаш не смеат да се користат, а и снимките како материјали не смеат да се користат во кривичната постапка иако тоа беше една од заложбите на СДСМ, вели Муцунски.

Тој истакна дека бројот три кој сега бараат граѓаните да го заокружат, го потсеќа на три години катастрофално владеење на СДСМ и три амнестии, како и тоа дека тоа е директно дерогирање на правната држава.

-Правната држава и правосудниот систем беше еден од најголемите симболи со кои вие дојдовте на власт реториката „Нема правда нема мир“, вие ветивте правда а посебно за група поединци правда и одговорност, но тие лица сега се во најблиски релации со СДСМ, рече Муцунски.

Тој и посочи на Мила Царовска дека СДСМ имаше претседател на влада економист кој се самопрогласи и за реформатор во судството , потоа следеше распад на тие комисии, така да заокружувањето на бројот три е дерогирање на правната држава.

Муцунски до Царовска: Заокружување на бројот три е дерогирање на правниот систем, три години катастрофално владеење и три амнестии

 

Најчитани вести